Home INFO Хрватксата пејачка Јелена Розга проговори за љубовта и карантинот

Хрватксата пејачка Јелена Розга проговори за љубовта и карантинот

реклама:Велигден со Стаф

Хрватската пејачка Јелена Розга одсекогаш го привлекувала вниманието кон себе со нејзиниот изглед но и со нејзиниот љубовен живот.

Шармантната пејачка и понатака ја интригира јавноста со одговорите за својот приватен живот, но со последната изјава наведе многумина да помислат дека за време на карантинот еден маж го освоил нејзиното срце.

За време на 2-месечната изолација, Јелена Розга ги забавуваше своите следбеници со мини концерти на својот Инстаграм, па патувањата и излагањата не и недостасуваа многу.

„Времето поминато во карантин секако ќе го помнам по неверојатните концерти во живо и синергијата која се случуваше помеѓу мене и публиката. Се впуштив во тоа поради својата публика, но и поради себе. Сакав тоа да биде нешто на кое заедно ќе му се веселиме, но тогаш не ни помислував како ќе се развива. Кога започнав си реков на себе: Ќе пеам додека чувствувам дека луѓето го сакаат тоа и додека уживам во истото“, рекла Розга за хрватското издание на магазинот „Стори“ и додала:

„Многу сум среќна што добив огромен број на пораки од целиот регион дека оваа изолација ќе ја паметат по моите концерти од дневната соба и што им помогнав барем накратко да заборават на сите проблеми. Има ли поголема награда?“

Јелена накратко се навратила и на својот емотивен живот и истакнала како верува дека ќе ѝ се случи вистинска љубов.

View this post on Instagram

Every smile makes you a day younger ???????? @story.hr @envyroom

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------