Годинава по првата полуфинална вечер меѓу фаворитите е и хрватскиот претствник кои според предвидувањата има големи шанси за победа во саботното финале.
Со моќната песна „Рим тим таги дим“ и моќниот настап за време на првото полуфинале Бејби Лазања ја воодушеви публиката.
Дека моќниот настап и добрата песна носат и многу фанови и симпатии и кај колегите покажа и видеото на социјалните мрежи на победникот од Норвешка во 2008 на Евровизија виолинистот Александар Рибак кој на свој специфичен начин ја отсвире и сподели со фановите „Рим тим таги дим“.
„Оваа песна е одлична за вежбање виолина и мислам дека Хрватска победи во синоќешното полуфинале! Дали се согласувате?“, напиша Рибак во описот на видеото.
@alexrybakofficial This song is great for 🎻 violin practice, and i think #croatia🇭🇷 won yesterdays semi final! Do you think so too?🤓 #rimtimtagidim #eurovision #babylasagna #alexanderrybak #violin #violincover @The Baby Lasagna Official ♬ Rim Tim Tagi Dim – Baby Lasagna