Актерката Меријам Узерли која стана ултра позната по улогата на Хурем во серијата „Величествениот“ во петокот стана мајка по втор пат.
Таа убавата вест веднаш ја сподели со своите фанови на Инстаграм и објави серија фотографии од неа и нејзината ќеркичка:
„Пресреќни сме што пристигна во нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи.“ – напиша актерката.