Популарната актерка Мерием Узерли која што на сите ни е позната по нејзината улога на Хурем во турката серија „Величествениот“ очигледно се откажа од актерството.
На социјалите мрежи објави дека отвора продавница за здрави слатки во самиот центар на Берлин.
Како што објасни возбудената Мерием Узерли во видеото на Инстаграм, таа верува дека тоа ќе биде прва во низата продавници што планира да ги отвори ширум светот.
„Ја отворам мојата прва продавница „Nosh Nosh“ во Берлин. Станува збор за вкусни и многу здрави слатки. Ова е само почеток на едно убаво патување, започнувам во Берлин, и се надевам дека ќе се рашириме низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место во кое сакаме да се чувствувате како дома додека уживате во најквалитетните слатки“, објасни актерката.
Во нејзината понуда ќе има „вегански чоколади, џемови, какао на лажица, макаронс, сладолед кој е најубав во светот, маслиново масло, кафе, чај и уште многу друго“, откри Мерием.
Да потсетиме, Узерли ја напушти серијата „Сулејман Величенствениот“ поради љубовната врска со тогашното момче Кан Атес, која потоа побара таа да абортира. Атрактивната актерка со германско потекло после тоа се повлече од очите на јавноста и се посвети на животот во Берлин со својата петгодишна ќерка Лара.