Без никакво официјално соопштение од МТВ, Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019 година, односно земјата ќе испрати уметник и песна во Тел Авив, Израел.
Не се објавени други детали, наведува порталот EscXtra, чии содржини се главно евровизиски.
Во последните три години македонскиот претставник на Евровизија го избира МРТ, а во претходните години за евровизискиот изведувач се одлучуваше и на фестивали.
Досега околу 30 држави потврдиле дека ќе учествуваат на Песна за Евровизија, што следната година во мај ќе се одржи во Израел.