На 28 Септември, ден пред закажаното судско рочиште на Бритни Спирс и нејзиниот татко, на Нетфликс ќе се емитува премиерата на документарецот посветен на Бритни Спирс.
Dejli Star пренесе дека поп пејачката му открила на адвокатот дека нејзиниот татко Џејми Спирс и се заканувал со одземање на синовите.
Со години трае сагата на Бритни, откако по нејзиниот нервен слом, судот го назначи татко и за нејзин старател. Се појавија многу гласини дека татко и ја третира буквално како затвореник, а нејзините фанови покренаа и иницијатива за нејзино ослободување од прангите на сопствениот родител.
На почетокот од разводот со музичарот Кевин Федерлајн, тој и Бритни имаел заедничко старателство над нивните малолетни синови, но подоцна неговиот адвокат одлучил дека во најдобар интерес за децата е таткото да се грижи за нив.
Пресвртот во судската постапка се случи кога неодамна, Џејми Спирс побарал од судот во Лос Анџелес да се прекрати неговото долгогодипно старателство над Бритни.