Home INFO Иако важи за циција, во семејството на Лепа Брена не се...

Иако важи за циција, во семејството на Лепа Брена не се штеди на автомобили (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Емисијата „Папарацо лов“ која што постојано ги следи популарните фаци на балканот во едно од нејзините изданија ја следеа Лепа Брена а приказната ја насочија околу нејзиниот возен парк. Во само еден ден 4 автомобл биле забележани како излегуваат од нејзината вила од Бежаниска коса во Белград.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ еден ден го следела семејството Живоиновиќ и во таа прилика успеаа да забележат само дел од нивниот возен парк.

Прв од вилата излегол Боба со неговиот „Мајбах“. Нешто подоцна од семејната куќа излегол и синот Стефан со скапоцен автомобил од марката „Порше“.

Исто така и Брена го напуштила домот тој ден, но за разлика од сопругот и синот, таа возела „Форд“ чија цена изнесува околу 2.000 евра.

Во текот на денот од нивниот двор излегло и „БМВ“, а пејачката и нејзиното семејство покрај овие автомобили, во својот возен парк поседуваат и „Јагуар“, два џипа „Мерцедес“, „Бентли“ и „Ауди“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------