Home INFO Има милијарди и немилосрдна работна етика: Факти за Елон Маск кој не...

Има милијарди и немилосрдна работна етика: Факти за Елон Маск кој не сте ги знаеле

реклама:hotel PREMIER

Познат е по својата работа, но и по контроверзниот приватен живот.

Нема кој не чул за Елон Маск и неговото богатство.

Тој е претприемач на ракета, основач на корпорации, неуморен продавач. Тој е ко-основач на Tesla Motors, PayPal и SolarCity и основач на SpaceX.

Елон Маск, најбогатиот човек на планетата разви една единствена визија и немилосрдна работна етика – работи до 100 часа неделно.

Ви откриваме некои факти за Елон кој веројатно не сте ги знаеле:

Кога Елон бил мало дете, тој знаел да се занесе и да гледа во далечината, додека други луѓе зборуваат со него, па поради ова мислеле дека е глув. Неговата мајка, Меј, вели дека тој само влегува во неговиот мозок.

Таткото на Маск веројатно е најтемниот аспект на неговиот живот. Маск одбива детално да зборува за неговиот татко.

Тој продал видео игра во далечната 1984 година, кога имал само 12 години. Играта се викаше Blastar, а за неа добил 500 американски долари кога го објави изворниот код во јужноафриканскиот магазин PC и Office Technology.

Елон заминал во Канада за да избегне да служи во војска.

Тој за малце ќе му ја продадеше Тесла на Google.

Елон се појавува во The Simpsons и The Big Bang Theory.

Тој води училиште наречено Ad Astra. Според училишните извештаи, децата честопати работат во тимови и учат наука, математика и инженерство. Неговите деца одат во неговото училиште исто така.

Неговите вработени работат 24 часа на ден. Елон е жесток лидер. Кога има рок на проект, како што е најавата за прототипот на Tesla Model S, две смени на вработените работат 24 часа на ден. А често знае и да се развика.

Дел од вработените, особено бившите вработени го сметаат за суров работодавец кој немал обзир кон користење на слободни денови, дури ни кога им се раѓало ново дете.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------