Манекенката Криси Тајген која е идол на илјадници жени низ светот објави фотографии од стриите , што и се појавиле за време на бременоста . Таа не се срами да покаже дека нејзиното тело не е совршено , што ги одушеви нејзините фанови.
Криси објаснува дека се решила да објави фотографии без филтер за да укаже дека и таа како и секоја друга жена во оваа фаза се чуствува несигурно. Манекенката заедно со сопругот , пејачот Џон Леџенд и децата се на одмор на Бали , каде уживаат во секојдневните активности.
,, Ова нема само од себе да помине, ќе има многу работа и труд. Но, што да правам . Ова е моето ново тело .” , призна Криси.