Home INFO Исповед на Бил Клинтон: Нови детали од аферата во белата куќа

Исповед на Бил Клинтон: Нови детали од аферата во белата куќа

реклама:

Нови детали за најпознатиот секс-скандал во Белата куќа се откриваат во документарен филм за Хилари Клинтон.

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон во документарниот филм рече дека, кога ја запознал Моника Левински, бил под голем стрес поради работата и аферата со неа му помогнала да се носи со своите проблеми и да ги пренсочи мислите.

Клинтон објасни дека аферата која речиси ја уништи неговата кариера била начин да се избори со анксиозноста и притисокот кој го чувствувал за време на водењето на државата.

Никој не размислува за ризикот“, раскажа Клинтон во четиричасовниот документарец кој ќе биде објавен денес.

Клинтон последен пат зборуваше за скандалот во 2018 година и предизвика многу негативни реакции откако рече дека на Левински не и должи јавно извинување, но во документарниот филм тој и се извинува што поради него светот ја запознал преку аферата.

Во документарниот филм открива и како во 1998 година морал за аферата да и признае сопругата Хилари, по што следувало и брачно советување.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------