Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Изгледа на Шакира и успеа да го здрма Пике и девојката со...

Изгледа на Шакира и успеа да го здрма Пике и девојката со која ја изневери

реклама:4U PHARMA

Откако го објави спотот посветен за бившиот партнер Шакира постојано е на мета на медиумите.

Новинарката Лорена Васкез, која е експертка за колумбиската поп ѕвезда Шакира, дотолку што ја нарекуваат „шакиролог“, за шпанскиот весник и портал Марка коментираше каков ефект имала хит песната на Шакира (посветена одмазнички на Пике) врз животот на новиот пар – Пике и Клара Чиа.

Васкез објаснува дека последен пат се видени заедно во јавноста пред неколку недели, кога Клара го придружувала фудбалерот на натпреварот во Кингс Лигата, и тие изгледале среќни и разменувале нежности во јавноста.

„Се бакнуваа, се гушкаа, се галеа во јавност и со тоа покажаа дека нивната врска од ден на ден е се посилна“, изјави новинарката која не застанува на страната на Шакира, но вели дека разбира зошто ја објавила песната.

„Да се ​​бара од Шакира да има почит кон личноста со која Пике ја изневерил е комплицирано“, рече Васкез.

Откако Шакира ја објавила пред девет дена песната со наслов „Music Sessions #53“ има над 158 милиони прегледи, а таа бројка постојано расте. Според Васкез, во последната недела Пике не е виден со новата девојка, туку сам се справува со обвинувањата.

Деновиве фудбалерот сепак ја напушти и Шпанија, беше виден во Париз каде го следеше парискиот кошаркарски натпревар во НБА помеѓу Детроит Пистонс и Чикаго Булс. Фудбалерот бил во ѕвездено друштво на трибините, поточно се дружел и позирал со супермоделот Ирина Шајк.

Дали Пике бега од Шпанија за да ја заштити својата нова љубовница, и дали позирањата со други убави девојки се трикче за одвлекување внимание останува да видиме.

Но сепак, Васкез смета дека песната и тоа како имала ефект.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------