Home INFO Изминатава година беше пeколна за Дарко Лазиќ: разведен, претепан, гонет од лихвари!

Изминатава година беше пeколна за Дарко Лазиќ: разведен, претепан, гонет од лихвари!

реклама:Велигден со Стаф

Изминатиов период фолк пејачот е актуелен во медиуми со веста за неговата состојба по стравичната сообраќајна несреќа во која за среќа успеа да преживее.

Како што отрија негови роднини, тој бил на приватна журка во Шабац каде се веселел до раните утрински часови.

Планирал да преспие овде но му заѕвонел телефонот па го напуштил хотелот
на својот пријател и влегол во автомобилот.

Дарко со автомобилот излетал од патот во близина на својот дом. По долгиот престој во болница и стравување за неговиот живот, Лазиќ во моментов е на рехабилитација во бања, и не е повеќе во критична состојба.

Изминатава година Лазиќ постојано се бори со непријатни животни ситуации.

Пропадна неговиот брак со пејачката и тв водителка Ана Севиќ, со која ја имаат ќеркичката Лорена.

По ова, во август медиумите објавија дека пејачот е претепан од непознати лица во Белград.

Се шпекулираше дека е нападнат поради нереализиран настап за кој предходно наплатил.

Во медиумите се појавија информации дека Лазиќ на лихвари им должи неверојатни 400 000 евра.

Сепак пеколната 2018 година ќе ја испрати со убава вест,неговата вереница Марина објави дека е бремена, па Дарко ќе стане татко по вторпат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------