Мајкл Полански, вереникот на поп пејачката Лејди Гага доживеа малку непријатно, но и симпатично искуство на доделувањето на БАФТА наградите.
Водителката Ребел Вилсон го извади својот златен градник, па дојде во првиот ред во публиката каде беа сместени Гага и Полански.
Ребел одлучи да му го даде градникот на Мајкл, како награда за “најдобар плус еден” на церемонијата.
Гага и Полански официјално ја објавија својата врска во февруари минатата година, а од тогаш се неразделни.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------