Home INFO Јадете го ова кога е загаден воздухохот! Го чисти организмот од загадена...

Јадете го ова кога е загаден воздухохот! Го чисти организмот од загадена средина и зрачење!

SHARE

Испитувањата покажаа дека морковот има улога на „чистач“ во организмот од штетните материи поради лошата исхрана и поради загадената средина и зрачењето.

Морковот е двегодишно растение и за исхрана се користи неговиот корен. Тој во исхраната се користи сиров (како салата, цел, сецкан на крукчиња или рендан…), зготвен или сварен како зачин или прилог со други јадења.

Се користи и во зима бидејќи лесно се чува во фрижидер или замрзнувач. Содржи малку калории, а многу корисни состојки, добар е за диетална исхрана, но и за децата.

Се препорачува добро да се измие и излупи површинскиот слој.

Содржи големо количество на влакна и дава чувство на ситост.
Поради специфичната клеточна структура на овој зеленук, можеме да искористиме само 10% од бета каротенот кој го содржи.

Под дејство на топлината и малку масти, клеточната структура се распаѓа, благодарение на што можеме подобро да ги искористиме хранливите материи. Морковот содржи витамин А растворлив во масти, па би требало да се подготвува
со малку квалитетно масло, како што е маслиновото.

Сокот од морков е многу здрав, без разлика дали се користи сам или измешан со други сокови. Тој исто така може да се користи и како облога против некои кожни болести.

Испитувањата покажаа дека морковот има улога на „чистач“ во организмот од штетните материи поради лошата исхрана и поради загадената средина и зрачењето.

РЕКЛАМИ:
Loading...