Home INFO Поставил камери во станот и дознал се: Еве со кого Ана Севиќ...

Поставил камери во станот и дознал се: Еве со кого Ана Севиќ го изневерувала Дарко Лазиќ

реклама:

Откако Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќанја несреќа, многу детали од неговиот приватен живот испливаа на површина.

Еден од нив е и вистинската причина за разделбата помеѓу Дарко и Ана, а тоа е нејзиното неверство.

Српски Курир пренесува дека неколку месеци пред одлуката за развод, фолк пејачот почнал да се сомнева во верноста на својата сопруга.
Поради ова поставил камери во заедничкиот стан без Ана да знае.

“Ана и Дарко последната година постојано имаа кавги поради чаршиските муабети. Неговите блиски пријатели му кажуваа дека сопругата го изневерува, и тоа ужасно многу го нервираше. На почетокот не сакаше да им верува, но подоцна почна да се сомнева” – изјавил за српски Курир близок пријател на пејачот.

Пријателот лично го посоветувал Дарко да стави камери во станот.

“Ги постави во дневната, спалната соба и во тоалетот. Ана секако не знаеше за ова. Еднаш ја излажа дека оди на настап а всушност остана во Србија. И имаше што да слушне. Штом излезе од станот, Ана телефонски разговараше со својот љубовник. Разговараа околу половина час и се договараа каде да се сретнат. Тој дечко не доаѓал во заедничкиот стан, но од разговорот заклучил дека се гледаат повеќе месеци. Дарко се вратил во станот и и кажал на Ана дека знае се. Тогаш настанала жестока кавга. Ана го кривела Дарко за ситуацијата, Дарко Ана и се така во круг. Дарко бил бесен и само излегол од станот”- раскажува изворот на Курир.

Според приказната на пријателот на Лазиќ, тој неколку месеци подоцна дознал дека Ана го изневерувала со сегашниот дечко Даниел Неделковиќ.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------