Политичарот Амди Бајрам отсекогаш важел за контраверзна личност и со него се поврзуваат најразлични ситуации и случки.
И во време на пандемија Бајрам успеа да ја „изненади“ јавноста и да се досети како да не го прекрши законот во Македонија а сепак да ја направи планиранат свадба за внуката Перије.
Бидејки веке неколку месеци Бајрам бил принуден да ја одложи свадбата која што неколку пати била и закажана со покана за гостите па одложувана заради рестрикциите и забраната за работа на рестораните, тој се досетил како да истера се по свое и сепак да има веселба.
Со помош на турски политичари и тускиот претседател Ердоган како што кажува, успеал да организира брод и незаборавна забава низ Босфор за 600 гости, за која како што изјави Амди ќе се пишува и гледа кога ќе се вратат со фотографии и видеа.