Home INFO Како да откриете дали некој следи што пишувате на вашиот телефон?

Како да откриете дали некој следи што пишувате на вашиот телефон?

реклама:Лето во Банско

Доколку имате пристап до банкарската сметка преку телефонот, како и други чувствителни апликации, треба да знаете за програмите „килогер“ (keylogger). Овој вид програми може да украдат важни информации од телефонот без да го забележите тоа. Криминалците може да користат вакви програми за да ги дознаат вашите лозинки, броеви на кредитна картичка и многу повеќе.

Што е „килогер“?

„Килогер“ е софтвер кој следи што пишувате. Секогаш кога пишувате нешто, ги снима копчињата што ги притискате и редоследот по кој ги допирате. Некои компании користат „килогер“ за следење на вработените додека работат, но злонамерните верзии им помагаат на хакерите да украдат вредни кориснички податоци.

Постои ваков софтвер за компјутер и за мобилен телефон, а оние за телефони може да бидат поопасни бидејќи безбедноста на телефонот почесто се занемарува.

Како да откриете „килогер“ на телефонот?

Овој вид софтвер е потешко да се открие од други штетни софтвери. Сепак, тие имаат неколку симптоми на кои треба да внимавате. Еден од најголемите знаци за постоењето на „килогер“ е доцнењето при пишување. Доцната реакција на вашето пишување може да биде причина за загриженост.

Внимавајте и на ослабените перформанси. Задоцнетото време на одговор, проблеми со апликациите и графиката може да бидат предупредувачки знаци. Овие проблеми може да значат дека телефонот обработува повеќе информации од вообичаено, особено доколку промената е ненадејна. Слично на тоа, прегревањето може да биде знак дека нешто работи во заднина, особено доколку тоа се случува кога немате отворени апликации.

За да откриете дали имате „килогер“ на телефонот, може да направите скенирање во продавницата на „Гугл“ (Google play store). Во поставките на апликацијата најдете ја опцијата „Плеј протект“ (Play protect) и направете скенирање. Тогаш вашиот телефон ќе се обиде да ги најде сите штетни апликации на телефонот.

Телефоните на „Епл“ ја немаат оваа опција, но може да се преземат апликации како „Аваст“ (Avast) или „Нортон 360“ (Norton 360).

Како да се отстрани „килогер“?

Доколку откривте дека имате „килогер“ на телефонот, имате неколку опции за негово отстранување. Најлесно е да се употребат чекорите предложени од апликацијата за скенирање штетен софтвер. Направете го тоа и рестартирајте го телефонот.

Освен тоа, може рачно да побарате и да отстраните сомнителни апликации. Доколку ништо не успее, секогаш може да го вратите уредот на фабрички поставки, но во тој случај ќе ги изгубите сите податоци.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------