Home INFO Како да се избегне потемнувањето на забите поради црното вино

Како да се избегне потемнувањето на забите поради црното вино

реклама:G Natural

Црното вино е познат „непријател“ на забите, првенствено поради бојата која се вовлекува во нив и ги прави темни и неугледни.

Ако не можете да прекинете со пиење на вашето омилено вино, еве неколку совети како забите да ви останат убави и бели.

Сирење и вино се добитна комбинација

Вкусот на сирењето е одлична комбинација со вино. Но, дали сте знаеле како сирењето може да ве спаси од „темна“ насмевка?

Сирењето е полно со калциум па нежно ги полни порите на забите и оневозможува црното вино да се вовлече во нив. Сепак, не треба да се претерува – сирењето е многу калорична намирница.

Не мешајте бело и црно вино

Можеби ви изгледа како добра тактика да се испие малку бело, па малку црно вино, но експерите велат дека тоа е најлоша комбинација.

Киселините од белите вина ја еродираат глеѓта на забите и делуваат како „основа“ за црното вино, кое потоа убаво ќе се наталожи на забите. Изберете – дали сте за бело или за црно вино“?

Што побрзо измијте ги забите

Ако забавата се оддржува во вашата куќа, по неколку часа црно вино, секако мора да се измијат забите.

Ако пиете надвор, веднаш по стигнувањето дома земете ја четкичката за заби во рака.

Со чаша вино и една чаша вода

За подобри заби, со виното пијте и вода, по можност минерална, која ќе направи благ „пилинг“ на забите.

Ако не пиете минерална вода и обичната вода ќе помогне да ги зачувате белите заби и без грижа на совеста да уживате во вашето омилено вино.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“