Поп пејачката Јелена Карлеуша со сите сили се обидува да не покаже колку ја погодил неодамнешниот скандал со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш.
Додека Врањеш продолжува со провокациите на социјалните мрежи, пејачката во целост е посветена на семејството и работните обврски.
Вечерва Карлеуша се појави на доделувањето на регионални музички признанија, MAC (Music Awards Ceremony).
Облечена во раскошен црвен фустан, Јелена по којзнае којпат успеа да воодушеви со својот изглед.