Home INFO Како правилно да ги миете рацете за да се заштитите од вируси

Како правилно да ги миете рацете за да се заштитите од вируси

реклама:Велигден со Стаф

Како правилно да ги миете рацете за да се заштитите од вируси

Обично сите сметаме дека е доволно рацете да ги измиеме со антибактериски гел и така ќе се заштитиме од вируси и бактерии.

Но, група научници при едно истражување откриле дека овој гел не заштитува премногу од грип и вируси.

Научниците од Универзитетот во Кјото откриле дека вирусот кој влегува во вашите раце со кивање, да речеме, дури и две минути откако ќе ги измиете рацете со ова средство, останува жив.

Волонтерите кои учествувале во истражувањето им дозволија на научниците да им нанесат на рацете вирус грип, а потоа со средство за суво миење на раце да ги тријат рацете четири минути, за да се ослободат од вирусот.

Но и по две минути триење раце, вирусот и понатаму бил присутен а биле потребни уште четири минути за да исчезне.

Повеќето антибактериски гелови содржат форма на алкохол и антибиотик – антибиотиците ги убиваат бактериите, но се бескорисни кога станува збор за вируси.

Алкохолот пак убива вируси, но само во одредени околности.

Рацете треба да бидат целосно суви за алкохолот да делува, а факт е дека вирусите најчесто се шират преку капки – кога некое лице кива, кашла или зборува, што го намалува ефектот на гелот за суво миење на раце.

Мијте ги рацете со топла вода и антибактериски сапун и темелно тријте ги рацете најмалку 30 секунди, за да го убиете вирусот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------