Јелена Карлеуша често сака да потенцира дека има згоден и успешен маж, а сега се пофали и со неговата дарежливост.
„Купивме навистина убава куќа. Наскоро ќе се преселиме во неа, ја средуваме, и очекуваме мебел од странство.
Јас сум навистина благодарна на мојот маж, бидејки се што сум заработила до сега потрошив на крпчиња, семејството, пријателите и вложив во кариерата…. Да се слушам јас би живееле во еден голем гардеробер, ќе продававме чевли и ќе палевме чевли во некое каминче за да се згрееме“ -низ шала рекла Карлеуша.
Пејачката додала дека парите кои што ги заработува нејзиниот сопруг Душко ги вложува за недвижности и штеди и дека тој е задолжен нивното семејство да живее убаво.