По одморот на Јамајка, Александра и Филип Живојиновиќ одлучиле да го продолжат своето патување на неколку дена во Лондон.
Бремената пејачка Александра константно на социјалните мрежи објавува фотографии од патувањата.
Па така на нејзиниот Инстаграм профил осамна фотографија на која позира пред позната книжарница во Лондон.
По оваа фотографија нејзините фанови се запрашаа дали можеби одлучила да го продолжи своето образование.
Александра ја завршила третата година од средното образование и престанала да се школува, со цел да се посвети на музичката кариера.