По скандалот со пејачката Анабела и нејзиниот сегашен сопруг Андреј, се огласија соседите на парот кои се разочарани од нивното константно скандалозно однесување.
” Не сакаме да живеат овде, постојано не срамотат со своето однесување! – изјавила сосетката на познатата српска пејачка.
” Онаа небитна пејачка Анабела постојано предизвикува скандали. Не ни треба ова, нека се пресели и нека оди на друго место каде ќе прави што ќе посака. Овде има ред и мора да се почитува” – продолжила со поплаките упатени кон Анабела друга сосетка.
Ниту вработените во барот во соседството на Анабела и Андреј Атијас немаат пофални зборови за нив.
“Андреј се однесува грозно. Често доаѓа во нашиот локал но постојано прави проблеми. Ќе се опие па почнува да галами, го навредува персоналот и не сака да си оди па не можеме да затвориме на време.”
Да потсетиме, деновиве пејачката и нејзиниот сопруг беа приведени и сослушани во полиција поради тепачка помеѓу нив, наводно поради кавга за нивниот домашен миленик.
Но последниот инцидент завршил со помирување на брачниот пар и без дополнителни тужби.