Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Калиопи неутешна неможе да си дојде на себе по трагедијата на нејзиниот...

Калиопи неутешна неможе да си дојде на себе по трагедијата на нејзиниот концерт

реклама:Лето во Банско

Видно потресена Калиопи сеуште неможе да се смири по немилиот настан кој што се случи на нејзин концерт завчера во белград, кога една госпоѓа од публиката почина во салата.

Жената била од Нови Сад и откако и се слошило и интервенција на итната медицинска помош таа починала на местото на настанот.

Калиопи заедно со организаторите го одложи гонцертот на догледно време и кратко изјави дека е шокирана и дека изразува сочуство до семејството.

Во телефонско вклучување во живо Калиопи даде официјална изјава за овој немил настан, во емисијата „Премиера викенд специјал“, на телевизија „Пинк“.

„Зборувам во името на сите нас кои доживеавме сè што доживеавме синоќа. Ова е најтажниот момент во мојата кариера, навистина. Сè уште сум во шок! Концертот уште не беше ни започнат… имавме преполна сала… а потоа се случи! Кога дознав од организаторот, веднаш се симнав долу да видам што се случува. Во тие моменти, во таа тишина, како сите да се молевме да се случи чудо. Но, тоа не се случи, за жал! Еден живот е повреден од сто концерти… се договоривме дека мора да се одложи, а новиот концерт секако ќе биде објавен подоцна“, изјави Калиопи во емисијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------