Home INFO Камион од Кание Вест пристигна во домот на Ким Кардашијан , еве...

Камион од Кание Вест пристигна во домот на Ким Кардашијан , еве што имаше во него

реклама:hotel PREMIER

Контроверзниот рапер Кание Вест раскина со новата девојка, па веднаш се обиде да и се врати на старата љубов, мајката на неговите деца Ким Кардашијан.

Американските медиуми објавија дека на денот на заљубените, Кание испратил камионет полн со ружи во домот на Ким.
“Мојата визија е кристално чиста”, пишуваше на камионетот.

Истото ова Кание го сподели на својот Инстаграм профил, тагирајки ја Ким Кардашијан но набрзо ја избриша фотографијата.

Очигледно старлетата не реагирала на неговиот романтичен гест, а денот на вљубените го прославила на вечера со својот дечко Пит Дејвисон.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------