Home INFO Канје Вест и новата сопруга, срам за неговите деца!

Канје Вест и новата сопруга, срам за неговите деца!

реклама:Велигден со Стаф

Контроверзниот рапер Канје Вест и неговата поранешна сопруга, старлетата Ким Кардашијан имаат заедничко старателство над нивните четири дена.

Но животниот стил на раперот, особено по неговиот брак со сега новата сопруга Бјанка, очигледно лошо влијае на нивните деца.

Наводно, децата на поранешниот пар често кога се гледаат со нивниот татко се во друштво и на нивната маќеа, Бјанка Ценсори, а каков впечаток остава на децата се гледа на цртежот на Норт Вест (10) на кој главни ѕвезди се нејзиниот татко и неговата скоро гола партнерка.

Цртежот беше објавен на заедничкиот профил на Ким Кардашијан и Норт Вест на Тикток. Кратко потоа беше избришан, но принтскринот од истиот го заобиколи светот и е причина на критики упатени кон оваа позната маќеа, но и кон Вест.

Заедно со цртежот, девојчето навело три работи за кои е тажна.

Првата е новиот албум на нејзиниот татко Vultures 1, кој е изваден од Apple Music.

Втората е луѓето кои придонеле тој албум да го види светлото на денот, а третата е песната „Карневал“, која изобилува со вулгарен текст.

Цртежот најпрво беше објавен од страна на Дејли Меил.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------