Традиционалната парада на горсоста во Белград е закажана за 18 Септември.
Оваа година, главна ѕвезда, или главна кума како што учесниците ја нарекуваат е Наташа Беквалац.
Сите се изненадија кога на листата на изведувачи овојпат не се најде поп дивата Јелена Карлеуша која со години е геј икона и поборник за правата на ЛГБТ заедницата.
Карлеуша се огласи на Инстаграм, и откри дека ова не е нејзина одлука, туку на организаторот.
“Поради многубројните прашања зошто оваа година не настапувам на парадата, сакам да ве известам дека тоа е одлука на организаторот. Поточно, тој смета дека јас со скоро три децении работа, не сум допринела во борбата за правата на ЛГБТ заедницата на Балканот и дека утре не ми е местото на парадата. “