Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive „Кажу да време лечи све“: Објавена нова последна песна на Тоше Проески

„Кажу да време лечи све“: Објавена нова последна песна на Тоше Проески

реклама:Лето во Банско

„Кажу да време лечи све“ се стихови од последната песна на Тоше Проески, чија прва демо снимка била направена во 2004 година во домашното студио на Кирил Зарлинов, попознат како диџеј Ерик Фокс.

Ерик Фокс демо снимката комплетно ја завршува со помош на новата АИ технологија, со која вокалот и пијаното се извадени од демо снимката за да се направи студиска снимка.

Одлучува оваа песна да ја подари на обожавателите на Тоше, на денот на неговиот роденден, со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев –„Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките Греми награди за најдобар микс инженер.

За спотот се погрижи екипата на „Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан и многу други.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------