Home INFO Кој би помислил: Огнен Амиџиќ и се обрати на јавноста

Кој би помислил: Огнен Амиџиќ и се обрати на јавноста

реклама:G Natural

Српскиот музичар и тв водител Огнен Амиџиќ е актуелен со своето ТВ шоу – Амиџи Шоу кое се емитува на српската Пинк ТВ.

Во јавноста важи за човек кој цела деценија ужива во хармоничен брак со сопругата Даниела, Македонка по потекло која работи како модел.

Парот ја изненади јавноста кога во заедничко соопштение, открија дека се разведуваат.

Во соопштението бараат да се зачува нивната приватност.

-Ние ќе останеме пријатели поради нашиот син, но на темава повеќе нема да се огласуваме и да даваме изјави. За нашиот развод не е виновна трета личност, па нема место за дополнителни шпекулации. Ве молиме да ја почитувате нашата одлука да не зборуваме за оваа тема – соопштија.

Парот се венчаше пред десет години , а година подоцна се роди нивниот син.

Пред Данијела, Огнен беше во брак со поранешната новинарка Милица Марковиќ, со која исто така се запознал на снимање на емисија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------