Home INFO Кој е вашиот стил на слабеење? (тест)

Кој е вашиот стил на слабеење? (тест)

реклама:

Со помош на овој тест ќе открите кој „стил на слабеење“ најмногу ви одговара…

На вратата на вашиот фрижидер се наоѓа…

а. Фотографии од вашето семејство и пријатели

б. Слоган во стил „Ниту една планина не е превисока“

в. Фотографија на која се гледа како играте на плажа или пеете караоке

г. Ваш планер со детални инструкции

 На вашата кола се наоѓа налепница со пораката…

а. Смеењето е најдобар лек

б. Само напред до врвот

в. Само еднаш се живее

г. Редот е најважен

Им се восхитувате на луѓето кои…

а. Jа имаат наклонетоста од пријателите и колегите

б. Ја победиле во неверојатно обложувања

в. Се раководат од нивните чувства

г. Се фокусирани, дисциплинирани и одлучни

Што ви дава енергија?

а. Дружење со другите луѓе

б. Малку (или малку повеќе) натпреварувачки дух

в. Спонтаност и фактор на изненадувања

г. Кога знаете кој е вашиот следен чекор

На интервју за работа важно ви е да дознаете:

а. Какви се колегите и дали ќе работите во тим

б. Какви се шансите за напредување

в. Кој е најинтересниот проект во кој ќе учествувате

д. Како се организирани проектите

Кога ви е потребна дополнителна мотивација за да завршите некој проект, вие:

а. Му се јавувате на пријателот или на мајка ви – потребно ви е некој да ве расположи

б. Помислувате на наградата која ќе ја добиете од шефот кога ќе завршите

в. Гледате да не се нервирате – кога тогаш ќе го завршите

г. Детално испланирајте што треба да направите

Моментите за опуштање ги замислувате како:

а. Маникир и одење на пијалок со другарките

б. Одење на фитнес

в. Возење без одредена дестинација

г. Го исклучувате телефонот затоа што сакате да се концентрирате на читање или на некое хоби

Книгите која ги читате зборуваат за…

а. Необично семејство или пријателство

б. Луѓето кои го оствариле својот животен сон – од спортисти до врвни директори

в. .Зависи од расположението

г. Тајните на човековиот ум и душа

Би запишале курс за…

а. .Тимска работа

б. Како преку ноќ да го освоите светот

в. Скокање со падобран

г. Совршена организација

ДОЗНАЈТЕ ЈА ВИСТИНАТА:

Ако имате најмногу одговори под а: Најголема мотивација пронаоѓате во дружењето. Успехот сигурно ќе го постигнете кога ќе се вклучите во некоја програма за групно слабеење или ако вежбате во друштво. Можете и да разговарате со другарките за здравиот живот. Тоа ќе ви помогне да не потклекнете – да добиете нови идеи и да го збогатите планот на здрава исхрана. Доколку не познавате некој кој би вежбал со вас, пронајдете некој во теретана, размислете за групно вежбање илои ангажирајте личен тренер.

Ако имате најмногу одговори под б: Вие сте натпреварувач. Постојано сте во потрага по предизвици и задоволни сте само кога победувате. Искоритете го тоа и во другите сегменти во животот – организирајте натпреварување за слабеење за да видите кој најбргу може да ослабе со помош на здрава храна. Конкуренција нека ви биде некој од посилниот пол или вашата мајка или сестра. Освен што ќе сфатите која метода најмногу ви одговара, со редовните мерења ќе го поттикнете натпреварувачкиоит дух кој ќе ве натера да на правите се за кога следниот пат ќе се качите на вагата, резултатите да ви бидат уште подобри. Пријавете се на маратон, тенис или аеробик. Доколку сакате да одите во теретана, пробајте со т.н „компјутеризирано“ вежбање како што е трчање на лента или возење точак – тогаш ќе се натпреварувате со замислен противник. Или натпреварувајте се против самите себе – носете мерач на чекори и секој ден обидувајте се да направите неколку чекори повеќе од претходниот пат.

Ако имате најмногу одговори под в: Вие имате слободен дух. Најсреќни сте кога се занимавате со најразлични и спонтани активности, додека рутината вас тотално ве демотивира. Искористете го авантуристичкиот дух – пробајте нови намирници од асортиманот на здрава храна, запишете се на часови по готвење или пријавете се на Интернет сајт од кој редовно ќе добивате рецепти на меил. Со оглед на тоа што не сте личност која многу планира, немојте да составувате режим на исхрана по денови, туку едноставно избегнувајте ги намирниците кои се ваш „грев“ – особено попладне и во текот на викендот. Истражувањата покажале дека повече се јаде како се наближува крајот на денот. За вежбањето да не ви стане досадно, често менувајте ги физичките активности. Еден ден одете на кик-бокс, следниот на планинарење. Освен што ќе ви биде забавно да се занимавате со различни спортови, ќе активирате и различни групи на мускули.

Ако имате најмногу одговори под г: Вие сте организатор. Многу сте дисциплинирани, па та програмите за слабеење (строго одреден режим на исхрана, редовно вежбање) се вистинската работа за вас. Но, ако повеќе сакате да вежбате сами, водете дневник на исхрана. Вметнете го фитнесот во дневниот распоред и водете дневник на вежбање за да можете да го следите напредокот. Затоа што сакате се да организирате, определете се за часови кои ќе ви помогнат да стекнете некоја вештина – на пример, тргнете на степ аеробик или на јога. Нема да ви биде проблем да вежбате сами затоа што сте доволно упорни да се држите до строго зацртаниот план само за да стигнете до зацртаната цел.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------