Од утре, 15-ти ноември на сила стапува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2020 година.
Доколку немате зимска опрема, а ве сопре полиција може да заработите казна од 45 евра, или 25 негативни поени. А можете да бидете исклучени и од сообраќај.