Home INFO Ова се градовите со најчист воздух

Ова се градовите со најчист воздух

реклама:Велигден со Стаф

Додека во нашате држава, секојдневно сме засегнати од загадувањето, луѓето во овие градови во светот ја имаат привилегија да го дишат најчистиот воздух.

Хонолулу, Хаваи

View this post on Instagram

Many thanks for the photo to @adammyerchin

A post shared by Honolulu, Hawaii (@honolulu_life) on

Хаваи се наоѓа на листата на држави со најмалку срцеви удари годишно.
Градот Хонолулу, се смета за едно од подрачјата со најчист воздух во САД, но и во целиот свет. Експертите сметаат дека тоа се должи на ветровите што дуваат и ги носат сите штетни честички кон морето.

Цирих, Швајцарија

Жителите овде најчесто се одлучуваат за возење велосипед, а што се однесува до транспортот, тие користат и возови, автобуси и метро. Малкумина избираат да возат автомобил, а тоа придонесува Цирих да биде еден од градовите со најчист воздух. Освен ова, градските власти имаа воведено ригорозни мерки за справување со отпадот.

Аделаида, Австралијa

Градот кој неколку пати е прогласен за најчист во светот, а стои високо на листата на најдобри места за живеење.

Хелсинки, Финска

Хелсинки има повеќе од 3.800 километри велосипедски патеки, за потребите на граѓаните на кои велосипедот им е е најчесто превозно средство.

Токму ова е и главната причина што овој град е еден од најчистите на планетава.

Хамбург, Германија

Овој град е лидер во концептот „зелена енергија“. Хамбург е добар пример за тоа како може да функционира оваа стратегија – целта е да се намали емисијата на штетните гасови за 40 % до 2020 година и за 80 % до 2050 година

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------