Home INFO Кој ги објавува голите фотографии на Северина?

Кој ги објавува голите фотографии на Северина?

реклама:Велигден со Стаф

На јавноста како да и станаа навика порно скандалите на пејачката Северина.

Откако српските медиуми повторно објавија нејзини голи фотографии, информацијата со брзина на светлината се прошири во регионот.

Се поставува прашањето како интимните фотографии на Северина се најдоа на интернет?

Доколку фотографиите се автентични и навистина станува збор за нејзини селфи фотографии кои сама ги сликала со својот телефон, постојат неколку одговори на прашањето кој ги објавил.

Еден е веројатноста дека разголените фотографии се наоѓале на сега стар телефон кој Севе го променила, па некој друг стигнал до телефонот и ги искористил без нејзина согласност.

Друга варијанта е некој да и го хакирал телефонот или компјутерот и ги украл фотографиите од некој фолдер.

Во двата случаи станува збор за кривично дело со кое треба да се занимава полицијата.

Менаџерот пак на Северина, во изјава за јавноста по повод новиот скандал, истакна дека повторно станува збор за одмазничка постапка на нејзин бивш партнер кој не бира начин и средства за да и наштети.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------