Home INFO Колку јајца смеете да изедете за Велигден

Колку јајца смеете да изедете за Велигден

реклама:G Natural

Јајцата се составен дел од Велигден, радост за децата, но и возрасните.

Сепак, никако не би смееле да претерате со нивното конзумирање.

Според зборовите на нутриционистите, за Велигденските празници за здравите луѓе прифатливо е до три јајца на ден, но притоа треба да внимавате на внесувањето на холестерол од различни извори.

Оние кои имаат проблеми со жолчниот меур, не би требало да конзумираат жолчки.

Иако се многу корисни во човечката исхрана и претставуваат богат извор на протенини, витамини и минерали, јајцата не спаѓаат во храна која брзо се вари.

За едно јајце се потребни два до четири часа.

– Јајцата треба да ги комбинирате со зеленчунк, семки, маслиново масло, а никако со месо. Во салатите со јајца не треба да се додава мајонез. Најдобро е таквите салати да бидат што е можно помалку калорични, со повеќе зеленчук. Би било добро по некое јајце во салатата да се замени со чиа семки. Една лажица од овие семки натопена во вода заменува едно јајце во салатите или преливите, а дава убав и пикантен вкус. Овие семки се полни со витамин Ц, влакна, омега 3 масни киселини, антиоксиданси, протеини, калциум, советуваат нутриционистите.

Јајцето е намирница кај која мора да се внимава на квалитетот и свежината поради опасноста од инфекција со салмонела. Дали неготвеното јајце е свежо можете да го тестрате така што ќе го ставите во ладна вода.

црвено јајце

Свежото јајце ќе се спушти на дното на садот со вода и таму ќе остане, додека постарото јајце ќе се одвои од дното и ќе оди кон површината.

Доколку јајцето плива на површината или кога неговата заоблена страна излегува од водата, јајцето е расипано.

Сино-зелената боја на границата меѓу белката и жолчката на вареното јајце е само знак дека јајцето долго се готвело, а не дека е расипано, па таквото можете слободно да го јадете.

Ако сами ги подготвувате Велигденските јајца после варењето немојте нагло да ги ладите во ладна вода, затоа што така бактериите можат да влезат во јајцето. Таквите јајца мора да се изедат најдоцна за два дена.

Најдобро е да користите рецепти за боење на јајца кои се на природна база или да купите боја од билни екстракти.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“