Home INFO Компанијата “Кожувчанка” донираше вредна медицинска опрема за справување со COVID19 кризата

Компанијата “Кожувчанка” донираше вредна медицинска опрема за справување со COVID19 кризата

реклама:Велигден со Стаф

Компанијата Кожувчанка ДОО денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра, за заштита на пациентите во новонастанатата состојба со COVID19 кризата во нашата држава.

Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апартот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување.

Овој апарат кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или помеѓу клиниките, поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од Covid 19.

Кожувчанка ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија.
Особено радува тоа што овој вид на донација врз основа на укажувањата на клиниката е од особена важност за
настанатата состојба со COVID-19 кризата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------