Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Што ќе биде следно: Кење Вест со нова промена ги шокираше фановите

Што ќе биде следно: Кење Вест со нова промена ги шокираше фановите

реклама:

Конроверзниот рапер честопати знае да ја фрапира јавноста.

Судот во Лос Анџелес го одобрил барањето на Кање Вест да си го промени своето име, пренесуваат американските медиуми.

Тој поднел барање во август оваа година да си го смени името Кање Омари Вест во – „Ye“, без средно име и презиме, наведувајќи ги „личните причини“ како повод за промената.

Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Мишел Вилијамс Корт сега го одобрила неговото барање.

Раперот на Твитер во 2018 година објави дека „порано бил познат како Кање Вест“, но сега бил само Је. Истата година, тој го издаде и албумот „Ye“. Тоа е еднакво на зборот „ти“ во архаичен облик на множина од второ лице („вие“) во стариот англиски јазик.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------