Home INFO Ковид 19 влијае на точноста на временската прогноза

Ковид 19 влијае на точноста на временската прогноза

реклама:Велигден со Стаф

Светската метеоролошка организација предупредува дека корона пандемијата би можела да влијае на точноста на временската прогноза ширум светот.

Во соопштението се наведува дека големите системи како и сателитите за набљудување на временските прилики се потполно или делумно автоматизирани, но поради долгото траење на пандемијата, би можело да дојде до проблем околу одржувањето и поправките на истите.

Исто така и намалениот обем на авио сообраќајот влијае на предвидувањето и следењето на климатските услови, бидејќи се губи мерењето на надворешните температури но и брзината и правецот на ветрот, податоци до кои се доаѓаше преку летовите.

Вирусот може да ги спречи вработените да ја работат својата работа во многу земји во развој каде уште се применуваат методите на рачно снимање и набљудување на времето, предупредуваат метеролозите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------