Home INFO КОВИД НА КОЖА УШТЕ ОД НОЕМВРИ 2019! Шокантно откритие на лекарите во...

КОВИД НА КОЖА УШТЕ ОД НОЕМВРИ 2019! Шокантно откритие на лекарите во Италија

реклама:G Natural

25-годишна девојка од Милано се разболела од кожна болест (дерматоза) во ноември 2019 година, а по пет месеци се излечила.
Сега, експертите, преиспитувајќи го примерокот од нејзината кожа, направиле биопсија и дошле до изненадувачко откритие. Во примероците е откриено присуство на вирусот САРС-КОВ-2, односно корона!

Група патолози координирана од д-р Рафаеле Ѓаноти од Државниот универзитет во Милано, со помош на лабораторијата на Европскиот институт за онкологија и италијанскиот дијагностички центар, се вратија на случајот со дерматоза затоа што била нетипична. Тие ја анализирале уште во ноември 2019 година, но тогаш не беше можно да се утврди прецизна дијагноза.

Имено, патологиите на кожата, сега е докажано, се присутни кај околу 5-10 проценти од пациентите заразени со Ковид-19. Тоа било причина да се преиспита случајот од ноември, а биопсијата потврдила дека пациентот има честички од вирус, иако во мала количина.
За да се потврди точноста на анализата, тие беа направени со две различни техники. Антитела се пронајдени во крвта на пациентот кај кого била пронајдена инфекцијата во јуни 2020 година. Доказ дека вирусот корона бил присутен во зоната на Ломбардија и Милано на почетокот на ноември 2019 година, значи три месеци пред првото „официјално“ објавување на инфекцијата во Кина.
И’ тој пациент сега е наведен како пациент број еден во Италија, а резултатот од истражувањето е објавено во најпрестижното англиско списание за дерматологија.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“