Home INFO Кралицата не запира: Нова забрана за Хари и Меган

Кралицата не запира: Нова забрана за Хари и Меган

реклама:

Се чини дека Меган Маркл и принцот Хари уживаат во новиот живот без кралски обврски, но секојдневно се соочуваат со нови проблеми кои дојдоа по нивното откажување од кралските титули.

Како војвода и војвотка од Сасекс, тие го поседуваа веб-сајтот и Инстаграм профилот под името „Sussex Royal“, а наводно планирале истиот да го претворат во трговска марка и да биде дел од многу предмети и активности, како облека, книги и материјал за учење и хуманитарна организација.

Но, според DailyMail, кралицата одлучила дека парот веќе не треба да го користи зборат „royal“ во нивниот брендинг, бидејќи тие веќе немаат кралски должности.

Сега парот ќе мора да ги прифати барањата и да направи ребрендирање за да продолжат со нивната работа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------