Home СПОРТ Кошарка Кралот Џејмс се враќа по одмазда на местото каде што го доживеа...

Кралот Џејмс се враќа по одмазда на местото каде што го доживеа дебаклот на кариерата

реклама:Велигден со Стаф

Еден од најголемите кошаркари во историјата на играта сака реванш за највисокиот пораз во 17-годишната НБА-кариера.

Леброн Џејмс се враќа ноќеска на местото каде што го доживеа највисокиот пораз во 17-годишната НБА-кариера, а популарниот крал сака реванш против Индијана пејсерс.

Леброн и неговите соиграчи за последен пат гостуваа во „Филдхаус арената“ во Индијана на петти февруари и доживеаја вистински потоп со пораз од 136:94.

Џејмс тогаш беше најдобар стрелец на Лејкерс со 18 поени, но го доживеа и најболниот пораз во кариерата.

Со него во Индијана доаѓа и Франк Фогел, кој сега е тренер на Лејкерс, а ги предводеше Пејсерс од 2011 до 2016 година и си замина како стратег со најмногу победи во клупската историја на Индијана.

Леброн ќе игра сигурно, иако има повреда на рамото што ја заработи на дуелот со Мајами во петокот. Потоа настапи против Атланта хоукс и е подготвен за настап против Пејсерс.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------