Home ЗАБАВА Секојдневие Лајфер пиво – ново, ладно филтрирано пиво на пазарот

Лајфер пиво – ново, ладно филтрирано пиво на пазарот

реклама:Велигден со Стаф

LIFER Beer е ново, произведено по најнова и најсовремена технологија, пиво на компанијата Кожувчанка ДОО од Кавадарци.

ЛАЈФЕР пивото е вистинско традиционално, непастеризирано пиво приготвено од најдобрите состојки со вештините на старите мајстори. Благодарение на своите традиционални процедури, LIFER пивото, од другите слични на него производи на пазарот, се издвојува по својата хармонија на исполнетост и горчина.

„Со новото Лајфер пиво целта ни е да им го доближиме на уживателите истото искуство, како она во лежната визба на нашата пиварница!“, вели Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Кожувчанка ДОО.

LIFER пиво се јавува како резултат на најновите достигнувања во индустријата за пиво на светско ниво, но и опсежни анализи на најновите трендови и барања и желби на консументите на пиво со се’ попрефинет вкус.

Ова пиво се произведува по најнова технологија на ладна филтрација со што се избегнува процесот на пастеризација.

„Кожувчанка како компанија веќе постои 25 години, секогаш иневестирајќи во нови технологии, правејќи производи по светски стандарди. Така и сега, за производство на ова уникатно LIFER пиво инвестиравме 250.000 евра”, истакнува Чупаркоска.

LIFER пивото е премиум светло лагер пиво со нежен, рафиниран и освежувачки вкус кој оддава впечаток дека е штотуку наточено, со уникатна боја на зрело жито и бујна и цврста пена. Неговата горчина е пријатна и е во перфектен баланс со богатата арома и свежиот вкус што го прави идеално питко и освежувачко.

Создадено е по традиционален рецепт според германскиот закон за чистота на пиво стар пет века (Reinheitsgebot донесен 1516 година) од четири внимателно одбрани основни состојки: јачменов слад, хмељ, квасец и вода.

Во својот состав тоа содржи најквалитетен германски јачменов слад и хмељ, без додаток на други житарки, што е уште една потврда за премиум квалитетот на ова пиво, заедно со користењето на чиста Изворска вода, како една од главните состојки.

LIFER пивото се произведува со најсовремена микробиолошка филтрација со што пивото го задржува својот оригинален вкус и свежина.

Лајфер пивото се пакува во ПЕТ амбалажа од 1,25L и стаклена амбалажа од 0,5L и 0,33L и има рок на користење максимум 3 месеци. Тоа на консументот му гарантира постојан квалитет и свежина на производот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------