Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Брена и Бобо, изминативе месеци во јавноста се појавува единствено во друштво на своето семејство и пријателите.
Но како што дознава српскиот магазин Ало, причината за ова е што Виктор се обидува да ја скрие својата врска со Софија Шашиќ, ќерката на пејачот Жељко Шашиќ и неговата бивша сопруга Соња.
Наводно Виктор и Софија веќе неколку месеци се во врска.
Парот ја криел својата врска не сакајки да се најдат на насловните страници во таблоидите. Двајцата се деца на познати родители, а таквите се секогаш под лупа на јавноста.
Како што пренесува Ало, Виктор и Софија со години биле добри пријатели, па двајцата сфатиле дека совршено си одговараат и пријателството се развило во љубовна врска.
Кога Брена дознала за новата девојка на својот син, била пресреќна.
Двете семејства со години се во пријателски односи и сите се сомневале дека помеѓу нивните деца има нешто повеќе од пријателство, па сега се потврдиле нивните сомнежи и желби.
Софија, поради Виктор раскинала со своето поранешно момче.