Home INFO Лепа Брена, махер за правење пари, заработува дури и од чистење на...

Лепа Брена, махер за правење пари, заработува дури и од чистење на кровови!

foto: ATA IMAGES
реклама:Лето во Банско

Таа има повеќедецениска музичка кариера која и носи огромни приходи, но пејачката има и други бизниси кои и го зголемуваат богатството.

Лепа Брена периодов беше актуелна со нејзиниот нов бизнис, производство на висококвалитетни хулахопки за жени.

Ова не е новина за семејството Живоиновиќ, бидејки со годни наназат, освен естрадниот бизнис, Лепа Брена и Боба имаат уште неколку дејности кои им носат поприлична заработка.

Десетина години тие имаат фирма за чистење на фасади, кровови, патеки, ама и патишта која судејки по извештајот за заработка одлично им оди.

Брена и Боба решиле бизисот да му го препуштат на нивниот најмал син Виктор но сеуште фигурираат како сопственици.

Боба има претставништва на познат автомобилски бренд во регионот, бил регионален застапник за популарен енергетски пијалок а поседуваат и винарија.

Само од Гранд продукција и нејзината продажба, брачниот пар инкасирал неколку милиони евра.

Бизнисот со хулахопки се чини дека им донесе уште поголем успех, со оглед на фактот што новиот производ на Брена е доста популарен кај младите, а нејзините хулахопки ги носеше и мега популарната Карди Би.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------