Home INFO Лепа Брена откри како му ја скршила раката на нејзиниот сопруг

Лепа Брена откри како му ја скршила раката на нејзиниот сопруг

реклама:Велигден со Стаф

Една од досетките на фолк пејаката Лепа Брена во нејзиниот документарец за нејзината кариера во моментов е актуелна во медиумите на балканот.

Имено, таа има куп приказни и анегдоти за време на нејзината голема популарност кога ги снимала нејзините филмови, но и во младоста кога го запознала нејзиниот сопруг Боба кој беше најдобар тенисер.
Говорејки за нивното запознавање една од ситуациите на кој се пристува е нивниот прв состанок.

„Се договоривме да се најдеме во Нови Сад. И штом го догледав Боба на семафор како ги шири рацете за да ме прегрне, јас со цела сила се затрчав кон него помислувајки како тој ке ме крене и заврти како на филм. Но штом ме фати во прегратка и се завртевме тој се заниша и заедно паднавме на земја. Па по падот утврдивме дека тој си ја скршил раката.“ – вели Брена.

Боба на ова додал дека немал претстава колку Брена била тешка во тие моменти, па не успеал да ја додржи.

Иако Боба имал во план да ја запознае Брена уште многу порано кога сакал таа да пее на негов хуманитарен тениски турнир, сепак менаџерот на Брена не успеал да обезбеди слободен термин од густиот распоред.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------