Како и секоја година по традиција нашата водителка Лила Флиповска во еден скопски ресторан го прослави својот роденден.
Таа заедно со своите најблиски соработници и пријатели ја дуваше тортата и се забавуваше славејки 49 години.
И како што и сите очекуваа Лила сподели дел од сликите на својот Инстаграм каде што е секојдневно активна, а не заостана ниту објавата од нејзината фотосесија од нејзиниот дом.