Home INFO ЛОША ПРОЦЕНА: Познатиот готвач Џејми Оливер остана без скршен денар

ЛОША ПРОЦЕНА: Познатиот готвач Џејми Оливер остана без скршен денар

реклама:Велигден со Стаф

Готвењето му оди одлично, но со финансиите има огромен проблем.

Еден од најпознатите готвачи во светот со години има финансиски проблеми.

Еден од рестораните на Џејми Оливер минатата година бил пред банкрот, иако Оливер во него вложил неполни 13 милиони фунти, односно целата своја заштедевина.

Сепак ова вложување се покажало како неисплатливо па Џејми буквално останал со празна сметка.

Немам повеќе финансии за дополнително финансирање на рестораните, признал тој и потврдил дека неговата сметка е празна и не смее повеќе да ризикува.

Својот прв ресторан познатиот Оливер го отворил пред десет години, а на почетокот на оваа година неговата фирма имала долг од 71.5 милиони фунти.

Поради финансиските потешкотии тој морал да отпушти околу 600 вработени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------