Home INFO Лозари Исток добија своја лименка! НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО за 30 години постоење...

Лозари Исток добија своја лименка! НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО за 30 години постоење на кавадаречките навивачи

реклама:G Natural

“Лозари Исток” од Кавадарци е една од најдобрите и најинвентивните навивачки групи во Македонија а и пошироко во регионот, со сериозен број на членови и тим за почит.

Познати помеѓу спортските фанови, успесите и победите на “Лозари Исток” се речиси секојдневие.

Годинава, тие слават 30 години постоење!

Повод нивното долгогодишно функционирање, а и како благодарност за несебичната поддршка и посветеност на сите натпревари, Компанијата Кожувчанка, во име на цел регион им оддава почит!

“Создадовме специјален, лимитиран дизајн на лименка на нашиот бренд Наше Македонско пиво. Ова е гест од нашата Компанија за сите наши сограѓани од “Лозари Исток”, навивачи на трибините на кавадаречките екипи. Нашиот тим им посакува уште многу години успеси и победи, и на здравје со Наше Македонско пиво” – велат од Кожувчанка ДОО.

А “Лозари Исток” остануваат на натпреварите и трибините секогаш со љубов, верност и песна посветена кон кавадаречките спортски колективи.

Ајдуци, Ретки билки, Лозари, Ултра Кру, Ултра Дринкерс, 12 Бригада, Наш`то маало и останати – Среќен роденден дечки, се гледаме на истокот!

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“