Home INFO Луѓето над 40 години треба да работат само три дена во неделата

Луѓето над 40 години треба да работат само три дена во неделата

реклама:Велигден со Стаф

Многу е важно на кој начин го стимулирате вашиот мозок,бидејќи преоптоварувањето на овој орган е штетно.

Резулатите од најновите истражувања покажуваат дека луѓето на воздраст над 40 години не треба да го преоптоваруваат мозокот со премногу работа бидејќи, резулатот е контрапродуктивен.

Институтот во Мелбурн за Применити Економии и Социјални Истражувања направи интересно истражување во врска со работните часови на лицата над 40 години.

Студијата била извршена на 3500 жени и 3000 мажи на воздраст од 40 години и повеќе.

Она што тие открија е дека 30 часови работа неделно се доволни за лицата над 40 години.
Оваа граница е одлична за подобрување на когнитивната функција на лицата во тие години, а со надминување пак на оваа граница, работата на мозокот се влошува.

Истражувањето покажало дека со 55 работни часови, вложувањето на когнитивната функција во мозокот е полоша дури и во споредба со луѓето кои не се вработени или пензионирани.

Луѓето кои учествувале во ова тестирање, биле надгледувани додека им била дадена задача да читаат на глас зборови, букви и бројки.

Професорот Колин Мек Кензи, кој го изведувал ова истражување истакнува дека со тоа што властите во некои држави сакаат да ја покачат старосната граница на пензионирање и ги форсираат луѓето да работат подолго време, мораат прво да размислат и да ги земат во предвид работните часови за лицата над 40 години.

Сепак истражувањата се уште се во тек бидејќи мора да се одреди конкретно за каков тип на работа станува збор.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------