Заедно со Македонската филхармонија вечерва во 20:00 часот ќе одржат концерт групата „Љубoјна“, под диригентската палка на врвниот Емин Џијан.
Во една прилика Вера од „Љубoјна“ за медиумите изјави:
-„И покрај бројноста од музичари на сцена овој концерт ќе биде интимно уживање за публиката со сосема нова музика од нас. Вообичаено музиката тргнува од концерт, а потоа се шири меѓу лугето, и тоа некако ние го предлагаме како постојан циклус, како почеток на нова идеја“ – изјавила Милошевска – Јосифовска.