Home INFO Лушпата од јајце е многу корисна! Еве како да ја употребувате

Лушпата од јајце е многу корисна! Еве како да ја употребувате

реклама:G Natural

Лушпите од јајцата можат да се искористат на многу начини, наместо да завршат во ѓубре, што повеќето од нас тоа го прави. На некои од нив лушпите им донеле дури и вистинско мало богатство.

На ова место ви претставуваме неколку начини на кои можете да ги користите лушпите од јајцата.

1. Соединение против иритација и чешање на кожата

Лушпата од јајцето се топи во мала стаклена тегла од јаболков оцет. Процес на топењето трае 2-3 дена, а ќе добиете смеса која можете да ја користите за блага иритација на кожата и чешање, вклучувајќи ги и каснувањата од инсектите, на пример комарците.

2. Зацврстување на кожата на лицето

Наместо скапи козметички препарати, за зацврстување на кожата на лицето можете да го употребите овој препарат. Исушените лушпи од јајцето добро истолчете ги со толчник, а потоа правта која на овој начин се создава изматете ја заедно со белка од јајце. Маската ставете ја на лицето, оставете ја нека се исуши, а на крајот исплакнете го лицето.

3. Миење садови

Ситно скршените лушпи од јајцето, заедно со водата во која има малку сапун можете да ги користите за чистење на предмети како термос шишиња и тегли, а исто така можат да помогнат и како абразивно средство за чистење тенџериња и тави по пржење и сл.

4. Подготовка на десерти

Вашите гости сигурно ќе бидат пријатно изненадени ако им го послужите вака подготвениот десерт. Во лушпата на јајцето ставете желе или чоколаден крем и додатно украсувајте. Визуелниот впечаток ќе биде одличен!

5. Природен водоводџија

Држете неколку здробени лушпи од јајцето во цедалката на вашиот мијалник. Тие на природен начин ќе го спречат заминувањето на непотребните материи преку одводната цевка, а исто така со време ќе се раздроби и ќе го помогне природното чистење на цевката, така што многу ретко ќе треба да повикувате водоводџија.

6.Подобар вкус на кафето

При подготовка на вашиот омилен пијалок многумина варат лушпи од јајцето заедно со кафето, за да го “убијат” горчливиот вкус во овој пијалак и постигнат подобар вкус.

8. Одгледување на цвеќе

Земјата во која одгледувате цвеќе ќе биде поплодна ако во неа ставите лушпи од јајце, заради калциумот, кој го нема често во земјата. Покрај тоа, здробените лушпи од јајцето бркаат и некои инсекти штетници.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------